Денес и утре во спортската сала „Билјанини Извори“ во организација на клубот за боречки вештини „Кун-су-то“ и карате клубот „Чоле“ (ќе) се одржуваат меѓународни клупски натпревари во карате и бразилско џиу џицу. На турнирот учествуваат најдобрите клубови од Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Бугарија што го зголеми квалитетот и конкуренцијата.

– Се со цел подигнување на свеста на младите за правилен раст и развој, јакнење на спортскиот дух и промоција на Охрид ние како два збратимени клубови одлучивме да организираме турнирот со меѓународен турнир во карате и бразилско џиу џицу. Турнирот на кој работевме подолго време се најде на официјалната листа во Карате федерација на Македонија и привлековме доста квалитетни натпреварувачи од нашите соседни земји. Ветуваме, дека ова ќе биде почеток на една убава традиција и дека ќе се негува долго време во нашиот град. – изјавија организаторите. 

Денеска на „татамите“ се најдоа каратистите, а утре силите ќе ги одмерат натпреварувачите во џиу џицу.

OhridNews