Во Куба Либре, денеска, започна јубилејното десетто издание на најстарото и најголемото коктел натпреварување во Македонија. Баермени од целата земја пред очите на специјално жири кое допатува од Хрватска ги покажуваа своите квалитите и способности и се натпреваруваа во категоријата „класика“.

Жирито коктелите на бармените ги оценуваа во начинот на подготовката, изгледот, мирисот и вкусот. Од четирите категории се собираат бодови и со вкупниот број се раниграат во табелата. Од 21 коктел мајстори пласман во финалето обезбедуваат најдобрите десет. Финалето е закажано за утре (среда) со почеток во 12 часот.

 

Вкупниот награден фонд на Вигор бармен купот изнесува 900 евра. Победникот ќе заработи 500 евра, второпласираниот 300, а третопласираниот 100 евра.

OhridNews