Во 10 часот од Автокампот Елешец започна трката на 35 километри која заедно со трката на 60 километри се дел од Планинарската трка Охрид треил. На почетокот се појавија сите учесници и со голема доза на позитивна енергија ја започнаа трката.

Во меѓувреме, учесниците на 60-километарската трка го искачија врвот Магаро. За сега нема откажувања и трката тече во најдобар ред. Отприлика првиот на 60 километри се очекува да пристегне пред 15 часот, додека најдобриот на малата трка пред 14 часот.

OhridNews

Фото: Во Св. Наум стартуваше Планинарската трка Охрид треил!