Пријатели, деловни партнери, угостители и гости, меѓу кои и многу познати личности, присуствуваа синоќа на свеченото отварање на лаунџ барот „Mister I“ кој е дел од ексклузивниот хотелско – угостителски комплекс кој се наоѓа на Кејот „Македонија“.
-Идејата за името дојде од презимето на нашата фамилија Илоски, односно од брат ми Виктор, во чија сопственост е овој локал. – открива менаџерот Андреа Илоска.
Уреден во модерен стил, со внимателно одбрани детаљи, елегантен ентериер и дискретни светлосни ефекти, лаунџ барот „Mister I“, претставува нов квалитет во туристичката понуда на Охрид.
Објектот има две тераси, а посебен акцент е ставен на гастрономската понуда. Ќе има уникатен избор на јадења и услуги какви што до сега немало во регионот, а во делот на забавата се најавува ексклузивна програма со многу изненадувања за посетителите.
-Сакаме да воведеме нешто ново во Охрид. Нашата фамилија од поодамна се занимава со угостотелство, почнувајќи од Хотел „Инекс Горица“, продолживме со „Парк Голден бич“ и по успешните остварувања на тие планови и идеи се насочивме на збогатување на понудата не само на нашите бизниси туку и на Охрид како град, а се со цел да го доближиме што е можно повеќе до светот и до модерниот стил на забава.– додаде Андреа Илоска.
Сместувачкиот дел од овој модерно изграден комплекс, односно бутик хотелот „Mister I’, коj е уреден во филмски стил, во употреба ќе биде пуштен во текот на идната недела.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Започна со работа лаунџ барот „Mister I“
OhridNews
фото: Тони Трифуноски