Под влијание на воздушни струења од југ и југо-запад над Охрид денеска се надвиснаа облаци со песок од Африка.
Сахарската прашина која е присутна доведе до еден поинаков феномен на поглед кон сонцето и замаглување на небото над Охрид.
Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија веќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и атмосферата е многу заматена, објави meteoralarm.mk.
Дождот кој го очекуваме во текот на претстојната ноќ ќе биде валкан и помешан со истата, потенцираат во објавата.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски