Без голови и без понедник заврши контролниот натпревар помеѓу прволигашот Ренова и членот на Втората МФЛ, Лабуништа кој двете екипи го одиграа во Охрид во рамките од подготвителниот период.

Иако погодоци немаше, возбудувања имаше во изобилство, а главниот збор го имаа голманите. Првата прилика за погодок му припадна на составот на Лабуништа, но голманот на Ренова со бравурозна парада спречи погодок. Следните шанси и припаднаа на Ренова. „Гипсарите“ напрво се заканаа од слободен удар, а и од белата точка, но голманот на Лабуништа беше на висина од задачата и не дозволи погодок во двата обиди од противникот.

Penalty save ??.. #wearelabunishta #thismeansmore #forzzafklabunishta2011 #fklabunishta2011 #gmeceri

Geplaatst door FK LABUNISHTA 2011 op Zondag 3 februari 2019

 

На стартот од второто полувреме тренерите на двете екипи изротираа во ростерот, а темпото на игра очекувано падна после атомските 45 минути. Ренова иако теренски доминираше не успеа да го скрши отпорот на фудбалерите на Лабуништа.

За фудбалерите на Ренова ова е прво реми после двете победи на подготвителните мечеви во Охрид, додека Лабуништа има скор од една победа и реми.

Мх.П.