Празникот Богојавление – Водици во Охрид е посебен. Градот живее за овој ден. Свечено е во црквите, домовите, на плоштадите и во угостителските објекти.

Богојавленсиот чин во Охрид го следеа бројни граќани. Фото: Бобан Стојаноски

Ви го доловуваме празничниот амбиент на Водици околу градското пристаниште во Охрид од високо. Многуилјаден народ ја следеше церемонијата на осветување на езерските води со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски Македонски г.г. Стефан, а по чесниот крст запливаа неколку стотини капачи.

Водици во Охрид од високо

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски