Сончевото време веќе ја раздвижи струшката ривиера, а освен капачите во езерото деновиве може да се забележат и капачи во реката Црн Дрим.
Вчера успеавме да направиме неколку фотографии од млади девојки и момчиња кои правеа „водени лудории“, скокајќи од еден од мостовите во реката.
Стружани коментираат дека капењето во Дрим е вистинско задоволство, но истото можат да си го дозволат само добрите пливачи, бидејќи колку што е забавно, речното капење може да биде и опасно.
OhridNews