По обилните снегови и дождливата пролет водата надојде во Билјанините извори. Вода блика од сите страни. Голем број мали поточиња го наоѓаат својот пат до каналот Студенчишта кој деновиве е преполн, но не само со вода туку и со плашици. Оттаму на брегот затекнавме голем број рибари кои уживаа во велигденското сонце.
Билјанини извори полни со вода
Вода блика од сите страни…
…и од секаде
каналот Студенчишта полн и со вода и со плашица
гризе денеска
вистинско уживање
рај за рибарите