Женскиот ракометен клуб Лихнид го запиша првото реми сезонава во Младинската лига поделувајќи ги бодовите со тимот на Вардар Кузман. Мечот кој се одигра синоќа во СРЦ „Билјанини Извори“ заврши 25-25 (14-10).

„Китовите“ имаа четири погодоци предност во последните пет минути, а гостинските ракометарки со серија голови изедначија 25-25. Охридските ракометарки во претпоследниот напад не погодија од пенал, а гостинските од девет метри.

Во составот на Лихнид најпрецизна беше Викторија Алексиоска со шест голови, пет реализираше Јована Софкоска, а на четири застана Јана Ангелоска. Во гостинскиот тим девет пати прецизна беше Ивона Русевска, а голема поддршка имаше од Ивана Блажевска која реализираше осум погодоци.

OhridNews