Точно во 8 часот во манистирскиот комплекс Св. Наум вкупно 57 учесници стартуваа на 60-километарска трка во рамките од првото издание на спортската манифестација Охрид треил. Почетот на големата трка означи директор Дејан Крле, кој на натпреварувачите им посака добро здравје, среќа и лесни нозе.
Во 10 часот во Автокампот Елешец ќе започне малата трка со делница од 35 километри. На неа учество ќе земат 94 натпреварувачи. Најдобрите на 35-километарската трка се очекува да стигнат после 13 часот, додека победниците во големата трка пред 15 часот.
OhridNews