И друг пат Охридскоот Езеро било „високо“ се сеќаваат постарите охриѓани. Нашиот редовен читател Милан Клаиќ ни испрати фотографии од шеесетите години на минатиот век, кога како што вели плоштадот бил заплискуван од езерските води. Тој како и многу други охриѓани е загрижен од високиот водостој на езерото, кој деновиве расте уште повеќе поради дождот и високите температури. Но, повеќе како што вели, го загрижува односoт на локалната и централната власт, кои меѓусебно си префрлаат околу ингеренциите над Охридското Езеро. „Можеби овие фотографии ќе делуваат поучно на одговорните органи да ги преземат неопходните мерки да се избегнат несакани последици, вели нашиот читател Милан Клаиќ.
До нашата редакција се обратија и други загрижени граѓани на Охрид кои велат дека фотографиите се направени во 1963 година од охриѓанецот Владо Паунче – Скитник и сведочат за поплавите кои се случиле во тоа време.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com