По повод Велигденските празници, Општина Охрид и ЈП „Градски Пазар“ заедно со Црвен Крст- Охрид, втора година по ред го организираат Велигденскиот саем кој има хуманитарен карактер. Саемот кој беше отворен денес ќе трае два дена.
– Овој пат главена акцент на Велигденскиот саем ќе биде хуманоста. Сите собрани средства ќе ги донираме на социјално загрозени семејства односно во соработка со Црвен крст ќе доделиме социјални пакети на триесет социјално загрозени семејства од Охрид. Благодарност од локалната самоуправа за организирањето на овој саем. Годинава имаше зголемен интерес за саемот но и зголемена посетеност од страна на граѓаните, истакна директорот на Градски пазар Тони Коталески.
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев ги повика сите охриѓани да бидат дел од велигденскиот саем.
-Ги повикувам сите граѓани на Охрид да го посетат годинешниот саем, и со купување на изложените производи, традиционална храна, колачи , накит, велигденски украси, сувенири и ракотворби да станат дел од оваа хуманитарна акција. Саемот е пред се значаен од хуманитарен аспект но тој е и нова содржина во поглед на празнувањата за Велигден,рече Јанев.
Годинава на Велигденскиот саем учествуваат 18 физички и правни лица.
Продажна Велигденска изложба денеска се одржа и во ОУ „Христо Узунов“. Во организација на Советот на родители и училиштето беа напревни прекрасни ракотворби од родителите, наставниците и највредните, учениците.
-Целта беше да се доближи чествувањето на големиот христијански празник Велигден на најмладата популација, но исто така беа собрани и парични средства од продажната акција, кои ќе се употребат за купување на нагледни средства за училиштето, изјави директорот Тони Симоновски.
Од изложбата во ОУ „Христо Узунов“
Хепенингот беше посетен од голем број родители и членови на семејствата на учениците.
Велигденска продажна акција се одржа и во ОУ „Кочо Рацин“
Денешниот ден Вели Четврток беше одбележан и во ОУ „Кочо Рацин“, со продажба на Велигденски украси изработени од детските раце со најразлични матерјали.
Од изложбата во ОУ „Кочо Рацин“
Проддажната акција беше посетема од голем број родители и ученици, како и од децата кои престојуваат во градинката во ОУ „Кочо Рацин. Собраните пари ќе се употребат за купување на нагледни сретства кои ќе најдат примена во наставата., инфоемираат од училиштето.
OhridNews