Над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери и други дестилати учествуваат на првиот „Ракија базар“ во Охрид, што се одржува на просторот кај Долна порта, во организација на здружението Македонски дестилерии.

Покрај дестилати се дегустираат и  вина од мали семејни винарии.

На настанот кој е поддржан и од Слоу Фуд Охрид можат да се вкусат вината од Monastery Winery, специјалитетите од Пирустија Неданоски, локалните специјалитети на Sezer’s Organic Farm, лебовите на Весна Миленкоска, макалото од Papas Food Ohrid, Будимир со коњакот “Premium brandy”, Винарија Мал Св.Климент и Сања Бачевски.

Н.С.Ј./Г.М.