Неколку илјади симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од сите краеви на државата, синоќа допатуваа на големиот предизборен митинг во Охрид. Покрај присуството на митингот, голем дел од нив го искористија доаѓањето во Охрид и за прошетка. Кафетериите во центарот на градот беа претесни, но најмногу гужва сепак имаше пред сендвичарниците, каде се бараше сендвич повеќе. Нашата екипа улови една таква ситуација пред една од сендвичарниците во центарот на Охрид.


Во Охрид се бараше сендвич повеќе


фото: Мирко Постоловски