Голем број верници денес ја посетија малата црква на брегот на Охридското Езеро во Лагадин, каде традиционално, секоја година, се одбележува празникот посветен на маченичките Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија.
По повод празникот се одржа богослужба на која беше осветена вода и празнична погача, а верниците кои ги носат имињата на маченичките ги почестија присутните за именденот. Како и секоја година ктиторот на црквата во Лагадин собраните средства од празникот ги донира во хуманитарни цели.
Црквичката во Лагадин пред 19 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од Христијанството.
OhridNews