Обилните врнежи од дожд ја навлажнија земјата. И додека ноемвриските дождови се добредојдени за земјоделските култури, проблеми се јавуваат со инфраструктурата. Деновиве беше забележан поголем одрон во охридското село Куратица, а во струшко проблеми има со дрвените телефонски и електрични столбови. Еден таков е надвор од употреба откако попуштил од тежината, па сега навален речиси до земја се држи на жиците кои го поврзуваат со другите бандери.


OhridNews