Во интимна атмосфера, под ѕвездено небо во уникатниот амбиент на „Monastery Winery“во Опеница, охридско, светски познатиот џез и фанк изведувач Владимир Четкар и неговиот бенд приредија волшебно музичко доживување, кое долго ќе остане во сеќавање на присутната публика.
Четкар изведе авторска музика, која звучеше светски. Перформансот, исто така, исполнет со емоции и извонредна комуникација со публиката која уживаше во секој миг од концерот. Заедно со Четкар присутните создадоа прекрасна атмосфера која зрачеше со позитивна енергија, многу ретка, а толку многу потребна денес.
Концерот на Четкар заврши со продолжен бис кој ја крена на нозе публиката од сите генерации, која играше во ритамот на џезот и фанкот.
Публикат која беше во ограничен број, уживаше и во автентичните вина произведени од „Monastery Winery“ чиј вкус потсетува на најдоброто од овие краишта.
Владимир Четкар вечерва, 16 јули, ќе одржи уште еден концерт во „Monastery winery“.
Г.М.
Фото: А. Момироска.