Втора година по ред, Охрид е домаќин на прелиминарните квалификации за “Вигор бармен купот“ спонзориран од “Бадел“. “Бармени“ од Охрид и Струга на плажата “Кадмо“ се натпреваруваа во класичното подготвување на коктел, за што одлучувачки е вкусот и изгледот на коктелот.
Шестмината “бармени“ кои ќе патуваат во завршната фаза
Среќните и најкреативните шест бармени обезбедија виза за Гевгелија каде на 1 и 2 октомври во казиното “Фламинго“ ќе се одржат полуфиналниот и финалниот натпревар.
– Задоволен сум од пласманот понатаму, тоа и го очекував. На минатогодишниот “Вигор бармен куп“ го освоив 5-то место, а сега моите амбиции се да бидам меѓу првите тројца – рече Роберт Костоски, кој беше најмладиот “бармен“ помеѓу натпреварувачите.
Хитот на летото коктелот “Ла Бамбола“
– Прв пат учествувам на вакво натпреварување, на почетокот ме фати трема но како почнав да “миксам“ тремата се изгуби. Коктелот не испадна како што очекував но среќата ми се насмевна и се пласирав во 1/2 финалето, што е голем успех за мене – истакна пресреќниот Благојче Ристески.
Караванот “Вигор бармен купот“ продолжува со натпревари во Битола, Струмица и Скопје.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка Затемнувањето ќе трае чети...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.