Ракометарите на Охрид забележаа високаа победа во Езерското дерби со Струга. Вечерва во рамки на 8 коло од групата А во Супер лигата, во салата „Билјанини извори“, ГРК Охрид – РК Струга 30:20, полувреме 13:09.

„Гладијаторите“ доминираа во текот на целиот натпревар и не дозволија во ниту еден момент противникот резултатски да се доближи. Разликата растеше од минута во минута, а на крајот таа изнесуваше +10. Најефикасен во редовите на Охрид беа Цирар и Шешиќ со по 6 гола.

Статистика ГРК Охрид: Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески 4, К. Андоновски 1, Стилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски 1, Д. Андоновски, Тасески 1, Шафранко 1, Кукоски, Крстевски 3, Шешиќ 6, Орионикидѕе 4, Бојаниќ 2, Цирар 6.

Со оваа победа Охрид ја продолжи победничката серија и со доза на самодоверба влегува во вториот дел од сезоната.

Традиционално посебен шмек на Езерското дерби му дадоа навивачките групи на двата тима, Рибари и Паткари кои го збогатија амбиентот во исполнетата сала „Блјанини извори“.

Натпреварот почна со една минута молчење во знак на почит кон поранешниот градоначалник на Охрид Никола Матлиески Пашата кој почина денеска во 89-та година од животот.

Убедлива победа на ГРК Охрид во Езерското дерби

Г.М.

Фото: Анамарија Момироска
Видео: Бобан Стојаноски