Повторно не изостана веселбата и оваа 2024 година во маалото во населба Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј” каде и синоќа гореше василичарскиот оган. Се играа ора, се пееше, ечеше од музика.
Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино. Точно на полноќ, минатогодишните кумови Климент и Елена Довлеви, на присутните им поделија банички. Среќата што ќе го следи преку цела година му се насмевна на Игор Стаматоски и неговото семејство, кои ја пронајдоа паричката во нивната баничка со што воедно се и нови кумови.
Секоја година се доделува по една баничка на фамилија и на таа фамилија што ќе ја пронајде паричката се смета дека во Новата година ќе ги прати бериќет и среќа!
Настанот имаше спектакуларна кулминација со огномет во оранизација на Party Makers Team.
OhridNews