Бројни обожаватели на музиката на балканската фолк кралица, Лепа Брена, вчера присуствуваа на концертот што се одржа на плажата Градиште 2.

На сцената Брена ги отпеа сите свои големи хитови од неколку децениската кариера, меѓу кои и нејзините понови песни. Освен на плажата, публиката имаше можност концертот да го проследи и од вода, од брод.

Најголемата ѕвезда на екс ју просторот, заедно со публиката ги отпеа своите најпознати хитови.

За атмосферата пред официјалниот старт на концертот се погрижи Жаре Бербер, кој настапи со својот бенд.

OhridNews
Фото: Стојан Стојаноски