Сезоната во најквалитетната македонска фудбалска младинска Супер лигата започна добро за ГФК Охрид Лихнидос. Сите генерации на младинските категории во клубот работаат со полна пареа и напредуваат од натпревар во натпревар.

Заедно со тренерите акцент ставаме на создавање квалитетни млади, наши охридски фудбалери, кои што ќе бидат носители во сениорскиот тим на ГФК Охрид Лихнидос, а во иднина се надеваме дека нашите деца ќе бидат дел и од најдобрите европски тимови. За сѐ ова да биде успешно треба да се бориме да опстанеме во најквалитетната македонска младинска фудбалска Супер лига и да докажеме дека местото ни е таму, вели Коста Трифуноски – Спортски директор на ГФК Охрид Лихнидос на младински категории.

Коста Трифуноски – Спортски директор на ГФК Охрид Лихнидос на младински категории

Младинците на ГФК Охрид благодарение на спонзори и помагатели комплетно се опремени со соодветна спортска опрема и имаат одлични услови за работа на терените на СРЦ „Билјанини извори“.

Клубот искажува голема благодарност за поддршката во зезоната 2024/25 до Хотел Александрија, Ресторан и лаунџ Долна Порта, Инекс Олгица хотел и спа, Хотел Амбасадор, Мото центар Амбасадор, Галеб АД Охрид, TVD System Building Revolution Australia ( Bojan Pavlovic ),  Мац Охрид, Money Max, Астра дизајн, Продукција Digital Box и OhridNews кој е медиумски партнер на младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос.

Подобрени услови, стратегија и визија за подобра иднина на охридскиот фудбал

Г.М.
Фото: А. Момироска I Digital Box
Видео: OhridNews