ГРК Охрид и РК Бутел одиграа интересен и неизвесен натпревар полн со пресврти, во рамки на 2-то коло од плејофот во ракометната Супер лига. Синоќа во салата „Билјанини Извори“ немаше победник, откако драмата заврши со нерешен исход 25:25, полувреме 14:17.
Првото полувреме му припадна на Бутел, а вториот дел на домаќинот кој може да жали за бодовите бидејќи имаше напад за победа откако одличниот Брауновиќ не дозволи гостите од Скопје да се радуваат во последниот напад од последната минута.
Натпреварот се одигра во препознатлива спортска атмосфера која го краси Охрид, на која посебен шмек и овој пат и даде навивачката група „Рибари“ која направи извонреден амбиент.
Најинтересните моменти од големата ракометна битка ги забележа фоторепортерот на OhridNews Aнамарија Момироска.
Фото галерија:
Супер возбудлив плејоф меч и поделба на бодовите во „Билјанини Извори“
OhrridNews
Фото: А. Момироска