Во организација на група младинци од Охрид, синоќа на летната сцена Долни Сарај се одржа хуманитарно YouTube шоу за помош на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо на кого по трет пат му е потребна операција, за да ја победи тешката болест.

Дел од шоуто беа  јутубери од Охрид, Битола, Прилеп и Велес, кои приредија извонредно шоу, покажувајќи голема хуманост и солидарност. Атмосферата од хуманитарниот настан за Тачо ја долови фотографот Анамарија Момироска.

Капацитетот на гледалиштето беше ограничен на 300 посетители, а настанот се одржа според сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Настанот беше пренесуван во живо преку видео стрим кој бесплатно го реализираше „2S Studio“.

Охриѓанецот Трајан Целски – Тачо, кој пред 2 години се избори со тумор на мозокот, е исправен пред нов здравствен предизвик. За жал, болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба не е добра.

На Тачо итно му е потребна соодветна терапија која чини околу 20 000 евра.

Број за донации: 143 133 „Т-mobile“.

Жиро сметка за донации: 500600018999581 – Ристо Целески АД „СТОПАНСКА БАНКА“

OhridNews
Фото: А Момироска