Балканската фолк ѕвезда Лепа Брена вечерва на плажата Градиште ќе одржи концерт. Пред настапот таа се релаксираше во ресторанот „Острово“ во Св. Наум. Инспирирана од убавините на македонскиот бисер таа запеа заедно со локалните музичари.
Иако важи за големо музичко име Лепа Брена немала посебни барања од организаторите, кои се погрижија за добар пречек на гостинката. Таа пак, моментите покрај Охридското Езеро ги овековечи со фотографии на својот мобилен телефон.
Лепа Брена на вечерашниот концерт во Градиште ќе ги изведе своите најпознати хитови, како и своите најнови песни.
OhridNews
фото и видео: Стојан Стојаноски