ГРК Охрид вечерва во салата Билјанини извори загуби од шампионот Вардар,  во натпревар од 5 коло од Супер лигата.

По голема борба Вардар славеше 22:27, полувреме 12:13.

Охрид беше рамноправен противник во голем дел од мечот. Отпорот на домаќинот беше скршен во последната четвртина кога скопјани ја направија клучната разлика со која ја обезбедија победата.

Во следното коло на програмата е Езерското дерби, во кое Охрид и гостува на Струга.

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ