Македонскиот претставник на регионалното музичко шоу X – Factor, Даниел Кајмакоски, избори пласман во финалето, што ќе се одржи за три недели во белградска Арена.

Даниел во последната елиминациона емисија во која се изведуваа песни од менторите настапи со нумерата „Љубави“ од Жељко Јоксимовиќ. Иако не беше убедлив, неговите гласовни способности и настапите во досегашниот тек од шоуто, симпатиите кои ги ужива кај жирито и пред се кај обожавателите му донесоа пласман во големото финале.

Пласман во финалето обезбедија уште и Доктори, Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ и Маид Хаќимовиќ. Од шоуто испадна извонредната Илма Карахмет, иако според прикажаното и квалитетите кои ги поседува заслужи место меѓу петте најдобри.

Фото Галерија

OhridNews