53 параглајдеристи од неколку европски земји денес беа дел од натпреварувачкиот дел на Европскиот куп во параглајдинг кој се одржува во Охрид. Временските услови променливи, но задоволителни за полетувањето од полетувалиштето на Галичица и слетувањето на градскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“.

Врвни параглајдеристи кои се вбројуваат во топ три на светската ранг-листа, односно 15-тина од топ 20 дел од овој куп, а меѓу нив и Матијаз Слуга од Словенија кој е број еден на Светската ранг листа во моментов.

Се надевам дека ќе имам успешен натпревар. За сега на овој натпевар е во ред, ги исправив тие слаби летови кои ги имав на натпреварот во Англија каде завршив на шестото место. Временски услови многу брзо се менуваат, кога слетував имаше многу тешки услови, имаше малку сонце, а и ветерот не беше во насока која е најдобра за слетувањето. Но, овој спорт е таков и навикнати сме на вакви услови. Имаме осум летови, досега во шесте летови имам 12 сантиметри што мислам за овие услови не е баш најдобро. Мислам дека 7-8 сантиметри би бил подобар резултат, значи некаде 4 сантиметри досега имам повеќе од што очекував. Нашата цел е да бидеме дел од вакви натпревари каде има повеќе докажани параглајдеристи, преку кои и натпреварот нормално добива на рејтинг. И токму поради тоа е поголема конкуренцијата и потешко се доаѓа до победа. И оваа година ќе бидам пресреќен ако сум победник во овој куп, вели Слуга.

Зад себе Слуга има седум поединечни медали на Светски и Европски првенства, осум екипни медали на првенства, три светски рекорди, три пати по ред победик на Европски и Светски куп.

53 параглајдеристи дел од Еврoпскиот куп во Охрид

Кетрин Девос дел од репрезентацијата на Франција истакна дека значајно е учеството на вакви натпревари и искуството е големо.

Конкуренцијата е голема со оглед на тоа дека станува збор за учесници со големо искуство, но се надевам на успех, вели Девос.

Европскиот куп во параглајдинг дисциплина прецизно слетување е дел од Европската лига која има пет натпревари и на крај има целосен победник од секоја етапа на целиот Европски куп.

Се мери вкупниот резулатат да биде што помал, односно што поблиску да слетаат пилотите до центарот, бидејќи е во дисциплината прецизно слетување. Победник е тој кој бил вкупно од сите 6 односно 8 слетувања во зависност од временските услови со најмал резултат. Многу е значајно што овој натпревар дава високи бодови за светскиот ранкинг. И прокрај тоа што временските услови се променливи успеавме да направиме поголем број на серии. Местото и слетувањето на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ е идеален за оваа дисциплина, како и полетувалиштето „Поглед“ на Галичица, вели Мартин Јовановски претставник на Воздухопловната федерација на Македонија.

Прогласувањето на победниците е предвидено за утре на градскиот стадион доколку дозволат временските услови, ако не истото ќе биде одржано во салата во СРЦ „Билјанини извори“.

Е вропски куп во Параглајдинг – Охрид 2022

Н.С.Ј.
фото и видео: А. Момироска