Неколку илјади гости ја проследија уникатната карневалска поворка, на која вевчанските василичари денес, за прв пат ги претставија годинашните маски, кои претходно се чуваа во најголема тајност.

Вечерва, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да уживаат и во настапите на групата Баклава Кате и Нели ти реков, како и Џубокс Бенд и Оркестарот зурли и тапани Вевчани.

Утре, вевчанскиот карневал традиционално ќе заврши со палење на маските.

OhridNews