Да, насловот нема некоја логика ама она што го видовме на ул. „Јане Сандански“ уште помалку. Сообраќајниот знак што некогаш бил поставен со значење – забрана за сообраќај во еден правец, сега е поклопец на канта за ѓубре. На таа улица сообраќајот сега е дозволен во двата правци, па знакот не е потребен, а „генијалниот“ наш сограѓанин си го искористил за „екологија“. Да не смрди ѓубрето. Бидете паметни сега и барајте виновник. Надлежните кои не се грижат за својот инвентар или човекот што го присвоил истиот?
Инаку, сообраќајните знаци се честа мета на „малтретирање“ од страна на неодговорни. Посебно им се погодуваат на некои политички партии за лепење плакати (на запад, во Шведска на пример такво нешто е најстрого забрането), на „ловџии“ да вежбаат прецизност на нив, па дури некои од знаците (наводно) биле користени (пред тоа украдени, нормално) за рачки за мебел?!
Неверојатна „инвентивност“. Вака ли во Европа?
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com