Снегот што заврна денеска во Охрид пријатно ги изненади охриѓани. На зимската идила не се радуваа само најмладите, туку и возрасните кои излегоа да прошетаат на свеж декемвриски воздух.

  

Доцна синоќа беа направени и првите снешковци. Во комбинација со украсениот град, тие беа дел од зимската идила. Тоа го забележа и објективот на Ohridnews.