Првото дождливо утро во Охрид по подолго време, ги изненади и нашите последни „туристи“ – птиците,  кои како и секое утро, излегоа од своите гнезда, тргнаа по појадок, но го прекинаа својот лет,поради дождот. Ластовичките привремено засолниште нашле помеѓу тераси од зградата во  која живее нашиот читател Милан, кој ги направи овие прекрасни фотографии.


Со стивнувањето на дождот птиците ќе го продолжат своето секојдневие. Тие наскоро ќе заминат на долг пат кон југ и ќе остават празни гнезда, а  празнина ќе почувствуваме и ние граѓаните коии се навикнавме на нивното друштво, вели нашиот читател Милан.

ohridnews