Иако овој септември е исклучително топол, граѓаните наголемо ги започнаа подготовките за грејната сезона. Покрај задолжителната зимница, деновиве најмногу работа има околу огревното дрво. Звукот на машините за сечење дрва овие утра е вообичаен, а најмногу работа има околу средувањето на дрвата. Овие денови се  погласно се најавува поскапување на електричната енергија, па граѓаните бараат поевтин начин да се згреат. Но, се најавува и корекција на цената на огревното дрво, па оттаму и не чуди што деновиве е зголемена неговата побарувачка.


дрвосечачите во акција

фото:Васко Бујароски