Голем број граѓани поради сопствена вина го искусиле непријатното искуство специјалното возило „Пајак“ да им го однесе возилото зошто погрешно биле паркирани. И сето тоа е во ред доколку сообраќајкните знаци и законите важат за сите, па и за Пајак службата.

Нашата читателка Ирена го уловила жив „Пајакот“ паркиран во зона во која како што јасно може да се види од поставениот сообраќаен знак дека паркирањето е забрането. Не држи ниту изговорот дека специјалното возило службено застанало на местото на кое не смее да стои,  затоа што околу нема неправилно паркирани возила. Деновиве локалната самоуправа отпочна кампања за подигнување на сообраќајната култура. Би било во ред сообраќајните знаци и законите да ги почитуваат сите, а особено тие што ги спроведуваат или постапуваат по службена должност. Или нив нема кој да ги казни?


кој да го крене  „Пајакот“ ?

ohridnews