Со вонредни напори на Македонското лимнолошко друштво минатата година беше обновено живеалиштето на жолтиот локвањ во месноста Мазија, на градскиот кеј.
Проектот е вреден 11.000 американски долари и се реализираше со грант од ГЕФ. Пред триесетина години жолтиот локвањ бил многу раширен на Охридското Езеро. Денес го има се помалку. Во струшко се узурпира природното живеалиште на локвањот, а во охридско речиси го нема предупредуваат лимнолозите кои вчера одржаа презентација за значењето на проектот за ревитализација на старите живеалишта на жолтиот локвањ.
Лимнолозите во спас на локвањот-д-р Марина Талеска
фото: Васко Бујароски