Со традицоналното василичарско оро, зурли и тапани, вевчанци и годинава го започнаа карневалското дефиле, кое за момент беше запрено за да им се оддаде почит на еднинаесетте војници на АРМ, кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце вчера.
Вевчанци и годинава на само за нив својствен начин го отсликаа нашето секојдневие. Инцидентот во Парламентот, случајот Македонска банка и имотот на гувернерот Гошев, грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, Балканското секојдневие, беа само дел карневалското дефиле во кое годинава доминираа паганските маски. Годинава од познатите причини изостана присуството на претставници од државниот врв, а карневалот го проследија голем број посетители….
Вевчански карневал 2008
Повеќе фотографии во ohridnews/галерија
Горан Момироски