Билјанините извори е едно од најпријатните места за вечерна прошетка во Охрид. Така беше и синоќа. Свежото време и изворскиот амбиент многумина го искористија за уживање. А  нема ништо поубаво од одмор на душата покрај Билјанините извори. Според многумина ова место заслужува подобар третман отколку што тоа сега е случај. Изворите неодамна беа осветлени, а градските власти најавија комплетно преуредување на просторот. Се чини време е .


Вечерна идила

фото: Васко Бујароски