И покрај интензивната урбанизација Охрид  сеуште е еколошки чиста средина. Доказ за тоа е ова еже кое слободно се шета низ охридските улици. Нашиот фоторепортер го улови во близина на „Охридати“.


Очигледно дека се работи за „урбан“ еж кој немаше проблем со позирањето пред објективот на нашата камера. Симпатично е да се види шумско животно сред град, а посебно интересно е за градските деца кои немаат многу прилика да видат еж во живо.