Иако летото календарски помина, сезоната на капење се чини е зад нас. Во туристичкиот шпиц во Охрид дневно имаше и по 50.000 гости, а на плажите немаше каде игла да падне. Полни раце работа имаа сите, а најодговорна, спасителите на вода. Во жешките денови, што вели народот тие мораа да ги отворат „двете четири“, но во ретките „лоши“ денови не знаеа што да прават со себе. Впрочем фотографијава овековечена  еден таков ден летово, што ни ја испрати нашиот читател Васко, најдобро говори колку „тешка“работа имаат  спасителите понекогаш.


Тешка работа

ohridnews