Веројатно недоволната прегледност била и причина за сообраќајката во саботата кога Југо при маневар во рикверц не било забележано од возачот на Пежо што доаѓало од правец на „Седми ноември“. Двете возила беа прилично оштетени, за среќа луѓето не беа повредени, а штетата ќе ја покрива осигурителното. Сепак овие фотографии нека се „потсетник“ добро да се отворат очи при возење низ Охрид бидејќи и бројот на возила во следниве месец и пол ќе биде удвоен.
Мало невнимание…
и судир!
Добро е…
само материјална штета!
Полицијата правеше записник. Крст џамија ја стеснува
улицата за добри 2 и пол метри.