Пред неколку дена успеавме сосема случајно да го „фатиме“ овој Boeing на германска авио – компанија како слетува на охридскиот аеродром. Времето беше идеално и за летање и за фотографирање. Слетувањето беше изведено од страната на езерото (пред тоа го видовме како прави полн круг за припрема). Иако овој модел на авиони не е многу голем, сепак глетката беше спектакуларна. Ни „помина“ преку главите и „мазно“ слета.



приближување




слетување

Од „Аеродром – Охрид“ не` информираат дека за новогодишните и Божикните празници, бројот на операции бил зголемен неколку пати. Деновиве е актуелно преименувањето на аеродромот од страна на ЈПАУ во „Св. Апостол Павле“. Тоа не беше баш со одушевување дочекано кај авторитетите на охридскиот аеродром. Сметаат дека за преименување треба да бидат консултирани охриѓани бидејќи постојат и други светци и историски личности кои го задолжиле Охрид. Од охридскиот аеродром очекуваат ЈПАУ (Јавно п-тие за аеродр. услуги) да ги уважи нивните забелешки и да ја промени одлуката.

С. Костоски
Г. Момироски