Викендов иако времето беше пријатно, охридските плажи беа  полупразни. На нив побројни беа туристите кои решиле во Охрид да одмараат на крајот од летната сезона. Полупразно беше и на плажата Славија која важи за една од пофрекфентните плажи на ривиерата. На лежалките тука и таму по некој човек, а ништо поразлично не беше ни  на терасите и  во блиските кафулиња. Деновиве сликата е ваква  на сите плажи на ривиерата, што  во никој случај не го намалува уживањето во прекрасното Охридско Езеро.


Летото е при крај