Поради обилните врнежи на снег и дожд и надојденото езеро, голем дел од охридското крајбрежје е веќе по вода. Најголем проблем со излеаната вода има на потегот од мостот Студенчишта па се до Хотелот Парк. Покрај тоа што од надојдената вода е поплавена дел  од рекреативната патека,  под вода се наоѓаат и дел од паркингот и дворот на Езерската полиција.
 
За да минат преку надојдената вода, кога ќе се движат во овој дел од крајбержјето, граѓаните самоиницијативно поставуваат  интересни мостови  и премини, по водата. Таков премин од поголеми камења е поставен и пред  автоматот за кафе пред Езерската полиција, па доколку саката да се напиете кафе додека сте на прошетка по кејот, треба малку да ризикувате.


 Ризик за кафе!

Е.Е.