По преземањето на Охридска банка, новиот доминантен сопственик, француската финансиска групација Сосиете женерал, започна со ребрендирање на банката. Охридска не го менува името, но ќе бидат променети заштитниот знак и логото кои разбирливо ќе се идентификуваат со брендот Сосиете женерал. За таа цел започна промената на рекламните паноа на експозитурите на банката. Сликите се од експозитурата во чаршијата каде се монтираше новото рекламно пано.
Инаку банката во пресрет на одржувањето на првото Генерално собрание на Охридска банка како членка на групацијата Сосиете женерал, во четврток во хотелот Инекс Горица ќе одржи прес конференција на која ќе присуствуваат Бернард Коенинг-Првиот генерален директор на Охридска банка, Жан Луј Матаи-Генерален директор на Меѓународно банкарство со население на Сосиете и Бернард Давид,ж-заменик Генерален директор на Меѓународно банкарство со население во Сосите.
Г. Момироски