Дека климата одамна не е таа што беше полека на сите ни станува јасно. Минатата зима немавме снег, летото беше пекол жешко, а есента како да подзадоцни. Невообичаено топлото време за овој период од годината (до денес барем) предизвика цветање на јоргованите во Охрид. Оваа невообичаена појава деновиве ја забележа нашиот фоторепортер. Експертите цветањето на јоргованите во октомври го објаснуваат со климатските промени. Сепак синоптичарите за наредните денови најавуваат драстичен пад на температурите што во секој случај негативно ќе влијае на расцветаните јорговани …
јоргованите расцветаа во октомври
фото: Васко Бујароски