Сепак, не треба да биде – толку отворена. Фотографииве се од петокот кога во извесен период зградата на општината беше потполно „небранета“. Можеше да се влезе од било која страна (ние влеговме од задна врата). Вакви ситуации има често, па се поставува прашањето – за што служат пријавниците на приземје и првиот кат? Се добива впечаток дека во општината секогаш има премногу луѓе, што вработени што граѓани, кои се „рашетуваат“ од канцеларија до канцеларија, а било кој може да влезе и да излезе од зградата кога ќе посака.
Влезот кој е по скалите десно – отворен
Задна врата – отворена
Пријавница на прв кат – затворена
Пријавница приземје – нема никој
С. Костоски