Календарски гледано зимата сеуште трае, но денешната температура (15 степени во 13 часот) привлече илјадници луѓе на плоштад, крај езеро или на прошетка по стариот дел од градот. Кафулињата на овој потег беа преполни, посебно терасите. Секако најрадосни беа децата кои не пропуштија прилика да поиграат топка на некоја од зелените површини. Оваа зима, како резултат на глобалното затоплување беше една од најтоплите во историјата, а месецот јануари и официјално најтоплиот месец откога се мерат температурите и се прави прогноза.

Фото: С. Костоски