Во годините на транзиција речиси се што беше вредно се продаде, а се отуѓија и големите стопански капацитети како Телеком и ЕСМ. Новите газди на ЕВН-ССМ, веднаш по преземањето на компанијата направија попис на имотот, но без оглед на нивната прецизна евиденција им фали најмалку една трафостаница(трансформатор) во Охрид. Таа е приватизирана, но не од ЕВН туку од сопственикот на ресторанот „Стар Чинар“ во центарот на Охрид.
Проватна трафостаница(трансформатор)
Голем број граѓани, компании и општини во минатото финансираа изградба на трафостаници, но ЕВН тврди дека освен таа никој друг не може да располага со таков имот. Токму поради тоа веќе подолго време трае спор помеѓу општината Охрид и ЕВН. Општината која тврди дека располага со петнаесетина трафостаници, истите ги нуди како компензација за долгот кон ЕВН, за која понудата е неприфатлива. Оттаму тврдат дека општините не располагаат со таков имот и ќе мора да ги плати заостанатите долгови за струја.
ohridnews