Негрижата за македонскиот литературен јазик е само една од многуте „негрижи“ во современото наше живеење. Мора да се признае дека во тоа предничат медиумите, посебно приватните. Никому не му паѓа на ум да вработи лектор. И колоквијалниот говор е преполн со турцизми, србизми, германизми итн. За рекламните агенции веројатно е важен само профитот и ништо друго. Еве еден пример. Огромен билборд на „Туристичка“. Се рекламира некоја си фирма или производ Глас Вин. Не знаеме со што се занимаваат во оваа компанија, но ако сакаат навистина да бидат ПОВЕЌЕ од архитектура треба – „ПОВИШЕ“ да се потрудат.


Македонскиот јазик се` „пониже“ и „пониже“

Спаско Костоски